Германските власти уапсија 24-годишен државјанин на Ирак во сојузната покраина Бранденбург, под сомнение дека планирал терористички напади во Германија.
Според истрагата, осомничениот бил приврзаник на радикалната исламистичка идеологија на Исламската држава и се товари за обид за формирање терористичка организација и подготовка на насилни кривични дела.
Како можна прва цел на нападот била идентификувана црква во Бремен. Осомничениот, наводно, веќе набавил огнено оружје.
Германските власти продолжуваат со истрагата за неговите планови и евентуалните соучесници.