средба

Николоски-Вуст: Се отвораат можности за нови германски инвестиции во Македонија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во рамки на посетата на Германија, остварил работна средба со Хендрик Вуст, премиер на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија.

На средбата, како што информира Николоски преку објава, во фокусот на разговорите била економската соработка меѓу Македонија и Германија, како и можностите за привлекување нови инвестиции во земјава.

„Во рамки на посетата на Германија, остваривме работна средба со Хендрик Вуст, премиер на сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија.
Разговаравме за силната економска соработка како и за можностите за нови инвестиции во Македонија. Германските компании, како „Костал“, „Кромберг и Шуберт“, „ВИК“, „Гересхајмер“ и други реномирани инвеститори, се повеќе години присутни во државата и се значаен дел од македонското стопанство.
Градиме силни партнерства“, објави Николоски.

Најнови вести