Трагедија во Баварија

Се преврте автобус со туристи кон Октоберфест, има загинати

Автобус со околу 50 туристи излетал од автопатот А96 во Баварија додека патувал кон Минхен за Октоберфест. Во несреќата загинале две лица, а осум се тешко повредени.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Двајца патници загинале, а осум се тешко повредени откако туристички автобус се превртел на автопатот А96, во близина на Бухлое, во германската покраина Баварија.

Несреќата се случила рано утрово, околу 6 часот, кога автобусот со италијански регистарски таблички излетал од автопатот и паднал во провалија.

Во автобусот имало околу 50 патници, туристичка група од Филипини, која патувала кон Минхен, каде што требало да го посети Октоберфест.

На местото на несреќата ангажирани над 250 припадници на итните служби – полицајци, пожарникари и медицински екипи.

Повредените се пренесени во околните болници, а причината за несреќата засега не е позната.

Најнови вести