Нето-вредноста на Илон Маск надмина еден трилион долари, откако акциите на SpaceX и Tesla пораснаа по вчерашното отворањето на берзата. Технолошкиот магнат одново ја носи титулата трилионер, која првпат ја достигна во јуни. „Форбс” ја проценува нето-вредноста на Маск на еден трилион долари, што претставува зголемување за 30,6 милијарди долари во споредба со изминатата недела.
Илон Маск претходно стана првиот трилионер во светот во јуни, откако акциите на SpaceX почнаа да се тргуваат на берзата Nasdaq, но тој го загуби статусот неколку дена подоцна кога цените на акциите на SpaceX и Tesla паднаа.
Растот на вредноста на SpaceX следува откако аналитичарите од Морган Стенли оценија дека акциите се потценети и откако изминатата недела за првпат успешно беше лансиран вселенскиот брод Старшип во орбитата. Илон Маск во неделата предложи SpaceXAI да се ребрендира во „SpaceXSI”, инспириран од изјавата на претседателот Доналд Трамп дека „вештачката интелигенција” сега треба да се нарекува „суперинтелигенција”.
Овој скок го зацврстува статусот на Маск како најбогат човек во светот, додека лидерот на Amazon, Џеф Безос, е на второто место, со нето-вредност од 371,5 милијарди долари.
Според листата на најбогати луѓе на светот, која ја објави Форбс, топ 10 најбогати се:
Илон Маск – 1,046 трилиони долари
Џеф Безос — 371,1 милијарди долари
Лери Пејџ — 284,3 милијарди долари
Мајкл Дел — 272,2 милијарди долари
Сергеј Брин — 261,7 милијарди долари
Марк Закерберг — 254,3 милијарди
Џенсен Хуанг — 206,7 милијарди долари
Лери Елисон — 184,9 милијарди долари
Стив Балмер — 162,5 милијарди долари
Ворен Бафет – 143,3 милијарди долари