Дино Прижмиќ обезбеди пласман во второто коло на УС Опен откако во драматичен меч го совлада казахстанскиот тенисер Александар Шевченко со 3-2 во сетови.
А начинот на кој стигна до победата беше вистинска драма.
По три часа и 55 минути игра, 21-годишниот тенисер од Сплит славеше со 2:6, 6:3, 6:3, 5:7, 7:5.
Прижмиќ лошо го започна мечот и го загуби првиот сет со 2:6, но потоа успеа целосно да го промени ритамот. Ги освои следните два сета со идентични 6:3, иако во двата мораше да спасува брејк-топки во моментите кога сервираше за сет.
Се чинеше дека сè ќе заврши во четвртиот сет.
Хрватот поведе со 5:2 и беше на чекор од победата, но Шевченко одговори со два последователни брејка и направи голем пресврт. Казахстанецот го освои сетот со 7:5 и го однесе мечот во решавачки петти сет.
Таму драмата стана уште поголема.
Шевченко прв направи брејк и стигна до водство од 5:3. Прижмиќ се најде на работ на елиминација, но успеа да спаси две меч-топки и веднаш потоа да го врати брејкот.
На 5:5 спаси уште една брејк-топка, а потоа, при водство од 6:5, повторно го одзеде сервисот на противникот.
Овојпат немаше враќање.
По речиси четири часа тенис и низа пресврти, Прижмиќ стигна до 7:5 во решавачкиот сет и започна големо славје во Њујорк.
Хрватскиот тенисер сега го очекува второто коло на УС Опен, каде што ќе игра против победникот од дуелот меѓу Томи Пол и Колман Вонг.
Two match points saved and Dino Prizmic gets the W pic.twitter.com/T2DjMIIKnE
— Barstool Tennis (@StoolTennis) August 30, 2026