Продолжи судењето против убиецот од Старо Нагоричане

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Со сведочење на две жени кои го преживеале нападот, во Основниот суд во Куманово продолжи судењето против серискиот убиец Трајко Бојковски од селото Драгоманце, обвинет за четири убиства и два обида за убиства на жени во повеќе села во Општината Старо Нагоричане.

Адвокатот Тони Цветковски кој му е назначен по службена должност на 25 годишшниот обвинет, побара на следното рочиште да бидат сослушани тројца психијатри кои го изготвиле вештачењето, за да се утврди дали Бојковски треба да се префрли на лекување во психијатриска болница за да не го повтори делото. Исто така, предложи и да се сослуша обвинетиот и да се испитаат сите околности наведени во обвинението.

Според обвинителниот акт, Бојковски делата ги сторил од ниски побуди и убил четири жени и се обидел да убие уште две. Мотивите за убиствата се некрофилија.

Најнови вести