Први септември, а денес почнува и нашето прваче РЕПЕР. Па време е да ве поздравиме сите Вас кои ќе кликаат на овој нов портал, кој ќе постави пример во преполниот интернет простор и ќе ја покаже вистината во време на лага, во свет полн шпекулации, манипулации и копи пејст информации.
Ќе бидеме пример за точност и важност, но и со оправдана критика за лошото, а пофалба за доброто. Пример дека делиме заеднички вредности, пример дека знаеме да сакаме, да подадеме рака кога е најтешко, да се сплотиме за општото доброто и да покажеме дека заедно можеме да направиме голема промена.
Но, нашиот тим нема да толерира говор на омраза, суета и навреди. Ќе се стремиме и се надеваме дека ќе успееме да ја добиете секоја реална вест, не измислени бројки и информации, затоа што ние сме луѓе го живеат секојдневието исто како Вас, кои ги делат истите проблеми, кои сакаат да ги променат преку нашиот РЕПЕР.
Накратко вака изгледа нашата замисла, ноооо нема да биде комплетна без вашата помош. Без да ни кажете што би сакале да промениме во овој мозаик на информации, помогнете ни да растеме и да дознаеме повеќе за тоа што на Вас ви е Репер, што сакате да читате, да подобрите, едноставно што недостасува во Македонија, а ние за тоа ќе известуваме.
Преку нашите текстови ќе направиме заеднички мозаик и промената која сакаме да ја видиме во нашата земја. Ние сме тука за Вас, затоа Вашиот придонес ќе ни значи многу.
ТИМОТ НА РЕПЕР- СЕ ШТО НИ Е ВАЖНО