Време за малку уживање

19 октомври – го одбележуваме Светскиот ден на џин – тоник

Комбинацијата од џин, тоник, мраз и парче лимета или лимон создава пијалак што со години е омилен избор за дружење и опуштени моменти.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Освежителен, лесен и елегантен, џин-тоникот е совршениот избор за моменти на релаксација и уживање.

Џин-тоникот, со својата едноставност, препознатлив вкус и елегантно сервирање стана омилен избор во баровите и рестораните во светот.

Џин-тоникот најчесто се подготвува со Џин, тоник, мраз и лимета или лимон. Сепак, современите варијанти вклучуваат и краставица, грејпфрут, рузмарин и различни ароматични билки.

Меѓународниот ден на џин-тоникот е повод да се потсетиме на приказната зад овој класичен коктел и на неговото место во современата коктел-култура.

Side view cocktail in a big glass on dark backgroundФото: magnific

Историја

Според приказната што се поврзува со овој ден, традицијата почнала во 2010 година, во спомен на Мери Едит Киберн, голема љубителка на џин-тоникот, која починала на 19 октомври, на 95-годишна возраст.

Нејзиното семејство и пријателите продолжиле и натаму да го одбележуваат датумот во нејзина чест, по што идејата станала вирална и на социјалните мрежи. Станува збор за неофицијално одбележување, кое денес го прифаќаат љубителите на коктелот во различни делови од светот.

Најнови вести