По 30 години, нова генерација на идни полициски службеници со Средно полициско училиште

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Со почетокот на новата учебна година, по три децении од последниот упис, Македонија повторно добива генерација ученици кои своето средно образование ќе го завршат со стекната професија полициски службеник. Официјално почна наставата за 310 ученици од првата генерација на обновеното Средно полициско училиште „7 Мај“.
Министерот Тошковски свечено им ги врачи договорите за школување на првите десет кандидати и им посака успешен почеток на образовниот процес, нагласувајќи дека денешниот ден претставува значаен момент за Министерството за внатрешни работи и за иднината на македонската полиција.

„Конечно после 30 години од последниот упис во рамките на Средното полициско училиште во Македонија, имаме нова генерација на идни полициски службеници, коишто ќе имаат своја професија ‘полициски службеник’ во Македонија со завршено Средно полициско училиште за две години отсега. Нека им е честито на сите дечиња коишто се запишаа во рамките на Средното полициско училиште“, истакна министерот Тошковски.

Повторното воспоставување на Средното полициско училиште „7 Мај“ е дел од процесот на јакнење на кадровските и образовните капацитети на Министерството за внатрешни работи, со цел создавање нови генерации професионални, обучени и одговорни полициски службеници подготвени да одговорат на современите безбедносни предизвици и да им служат на граѓаните и државата.

Најнови вести