За денеска се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје и околината. Според објавените информации, прекините ќе траат од пет до седум часа, зависно од локацијата.
Во општина Студеничани, од 8:30 до 15:30 часот, без струја ќе останат корисниците од селата Вртекица, Рамни Габер и Пагаруша, како и дел од Долно Количани. Прекинот ќе ги опфати корисниците што се напојуваат од трафостаницата „Долно Количани 2″, во Долно Маало Поле.
Прекин е најавен и на улицата „Христо Татарчев“, во периодот од 9 до 14 часот.
Временската рамка за планираните прекини може да се промени зависно од сложеноста на работите и условите на терен. За проверка на конкретна адреса, може да се јавите на контактот 02 3205 300.