Baby One More Time

Бритни Спирс подготвува таен проект за кој сонува повеќе од 20 години

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американската попѕвезда Бритни Спирс работи на мистериозен бизнис-проект кој го планира повеќе од две децении и кој нема да биде поврзан со нејзината музичка кариера, објави „Пејџ Сикс“, повикувајќи се на извор близок до пејачката.

Според информациите, 44-годишната пејачка ја посветила последната година на подготовка на нов производ поврзан со животниот стил, чии детали засега се чуваат во строга тајност.

„Во текот на последната година Бритни работи на строго доверлив проект“, изјавил изворот за изданието.

Според истиот извор, пејачката интензивно се подготвува за претставувањето на проектот, кој е нејзин сон повеќе од 20 години.

Неодамнешната посета на Спирс на Њујорк наводно била поврзана токму со новиот деловен потфат. Изминатиот месец таа била забележана во ресторан на Менхетен, обидувајќи се да остане незабележана. Сепак, изворот тврди дека нејзиното патување било работно и дека во градот имала деловни состаноци, а не дека била на одмор.

Пред официјалното претставување на производот се очекуваат уште неколку разговори, но засега не е објавен датумот на лансирање.

Бритни Спирс веќе има искуство со бизнис-проекти надвор од музичката индустрија. Во 2004 година го лансираше својот прв парфем „Curious“, со кој започна успешна линија мириси.

Во септември 2026 година ја претстави и лимитираната колекција „Goddess Fantasy“. Во минатото таа создаде и сопствена колекција долна облека и домашна облека.

Нејзината автобиографска книга „The Woman in Me“, објавена во 2023 година, стана меѓународен бестселер.

Најнови вести