Денеска пресуда во Хаг за Хашим Тачи и тројца поранешни команданти на ОВК

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

По повеќегодишен процес, Специјалниот судски совет во Хаг денека, 16 септември 2026 година, ќе ја изрече првостепената пресуда за поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и тројцата поранешни команданти на ОВК – Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.

Пресудата е закажана за 10 часот.

Четворицата се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со војната во Косово во 1998 и 1999 година. Сите ги отфрлаат обвиненијата.

Пресудата се очекува во атмосфера на зголемено внимание во Приштина, каде што илјадници граѓани неодамна протестираа во знак на поддршка на Тачи и другите обвинети.

Случајот има значајни политички и историски последици во Косово и во односите меѓу Косово и Србија, а исходот се очекува со големо внимание и во регионот.

Најнови вести