Брисел

Европската Унија изразува подготвеност да ги поддржи реформите во Србија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателката на Европската комисија,
Урсула фон дер Лајен, и честиташе на
Студентската листа за победата на
парламентарните избори во Србија.

„Подготвени сме да обезбедиме поддршка за реформите во областа на владеењето на правото, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и зајакнувањето на демократските институции и заедно да работиме на унапредување на иднината на Србија во Европската Унија“, напиша Фон дер Лајен.

И Еврокомесарката за проширување Марта Кос и честиташе на Студентската листа за изборната победа во Србија, порачувајќи дека се отвора можност за ново поглавје во односите на Белград со Европската Унија.

„Србија го кажа своето. По речиси две години протести за демократија, владеење на правото и борба против корупцијата, граѓаните на Србија излегоа на избори во историски голем број”, порача Марта Кос.

Најнови вести