Забавата продолжува

ФОТО: Велешка „ПИТИЈАДА“ со нов рекорд

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Велес постави нов рекорд – вештите раце на пита мајсторите подготвија џиновска пита во должина од 4,40 метри.

Ангел Костов, Зоранчо Илиевски, Лазе Коцевски, Благојче Николов, Паскал Јамалов, Кристина Маневска, Веле Глигоров, Никола Лазаревски и Александар Јамалов со подмладокот Георгиј и Калина од Фурна Гемиџии, под надзор на шеф Горан Богоевски ја подготвија оваа пита која во себе содржи 17кг. брашно, 28кг. тесто, 45кг. месо и 370 јајца.

-Оваа велешка традиција ја одбележавме заедно со советниците од Советот на Општина Велес, а во соработка со Црвен крст Велес беа собрани средства од продажба на питата кои ќе се употребат за хуманитарни цели. Забавата продолжува, ве очекуваме на вкус што раскажува традиција, велат од општината.

Најнови вести