Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен во редовното годишно обраќање во Европскиот парламент за состојбата во Унијата, објави дека Канада стана првата земја асоцијативна членка на ЕУ – нешто што не постоеше како статус досега.
Претседателката на ЕК, рече дека Европа ќе ги брани своите вредности и повика на обединетост кон заканите од Русија, ребалансирање на односите со Кина и за градење нови партнерства. Притоа таа оцени дека ЕУ е во „најсилна“, но и во „најнесигурна“ состојба досега и го најави формирањето на Европски совет за безбедност, прв таков во историјата. Во говорот неизбежно беше спомената и состојбата на Блискиот Исток.
Фон дер Лајен зборуваш и за енергетиката, за што наведе дека блокот успешно се преориентирал кон домашни, почисти извори на енергија по целосната руска инвазија врз Украина, но сепак подоцна ги почувствувала трошоците поради затворањето на Ормускиот теснец. Зборувајќи за економијата таа оцени дека Европа треба да ги искористи предностите на својот голем пазар, како и на индустриите и услугите од светска класа.
За трговските односи на ЕУ со Кина таа рече дека се неодржливи и треба да се ребалансираат. Според неа, трговскиот дефицит на ЕУ со Кина сега изнесува една милијарда евра дневно и Достигнал критична точка.
Воедно на заканите од развојот на Вештачката интелегенција, Фон дер Лајен истакна дека ЕУ ќе дејствува заеднички и одлучно со партнери кои делат исти ставови, како Канада и Обединетото Кралство, работејќи особено на „евалуација и верификација на моделите, системи за рано предупредување и безбедност на вештачката интелигенција“.
Фон дер Лајен се осврнува и на миграцијата и последните случувања во Сеута. Таа вели дека „ранливите луѓе се искористувани од безобѕирни трговци со луѓе и криумчари, од нашите противници”. Таа им се обрати на Шпанците, велејќи: „Границата кај Сеута е европска граница, бидејќи Сеута е Шпанија и Сеута е Европа – а Европа ќе биде тука за вас”. Притоа рече дека на ЕУ и се потребни нови правила за вонредни ситуации, „особено во сценарија кога масовните движења се вештачки предизвикани и се користат како оружје”.
Фон дер Лајен посвети голем дел од говорот и на топлотните бранови во Европа годинава прогнозирајќи дека оваа можеби ќе биде најстудената година во однос на тоа што не очекува во иднина. ЕУ следниот месец ќе предложи нов пакет за климатска отпорност, како и посебен пакет за подготвеност за топлотни бранови, кој ќе вклучува правила за урбана адаптација и ладење.