Хеликоптер на ЕУФОР се урна попладнево во населбата Горице во Брчко, потврдија од оваа воена мисија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

ЕУФОР потврди дека за време на денешната рутинска операција на подрачјето на Брчко се случила несреќа во која се урнало едно од нивните летала, објави „Еуроњуз БиХ“.

Во соопштението на ЕУФОР се наведува дека при несреќата не биле оштетени цивилна инфраструктура, имот или возила, како и дека нема повредени цивили.

„ЕУФОР спроведува целосна и детална истрага за овој инцидент, а повеќе информации ќе бидат објавени откако ќе се утврдат фактите и кога ќе биде соодветно. Од ЕУФОР ги повикаа граѓаните да не се потпираат на дезинформации за овој настан и да ги следат исклучиво официјалните канали за информирање“, се наведува во соопштението.

Одредени медиуми објавија дека загинале тројца припадници на ЕУФОР.

Голем број возила на Итната медицинска помош ги превезуваат повредените во болницата во Брчко, пренесе агенцијата Срна.

Во населбата Горице во Брчко се наоѓа мал аеродром.

 

 

Најнови вести