Вучиќ: Нема да се откажам од борбата против најлошите, а тоа се блокадерите (ВИДЕО)

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Александар Вучиќ, кој е носител на листата „Обединета Србија“, се огласи на социјалните мрежи, каде порача дека нема да се откаже од борбата против блокадерите.

Во своето обраќање, Вучиќ ги обвини демонстрантите за, како што рече, „вистински револуционерен терор“ во изминатите три дена. Тој ги спомена упадите во телевизиски редакции, во „Србијаводе“, како и инцидентот за време на верска слава, кога, според неговите тврдења, било спречено свештеник да прочита молитва.

Вучиќ оцени дека актуелните случувања го потсетуваат на настаните од 2000 година, кога, како што рече, на власт дошле најлошите, додавајќи дека денес ситуацијата е уште полоша.

Тој истакна дека притисоците и заканите нема да ја променат неговата решителност, иако, според него, дел од луѓето со кои соработувал со години постепено се повлекуваат.

Осврнувајќи се на изјавите на Јово Бакиќ, кој, според Вучиќ, побарал негово апсење, српскиот претседател упати навредливи зборови кон него, велејќи дека би претпочитал да биде во затвор отколку да седи покрај него.

Вучиќ се осврна и на проверките поврзани со наводната употреба на звучен топ, тврдејќи дека такво оружје не било употребено и обвинувајќи ги своите политички противници за ширење лаги.

„Мојата непоколебливост и решителност да им се спротивставувам на оние што се најлоши, а тоа се блокадерите, за сето зло што го направија во овие две години, ќе продолжат храбро додека дишам, и не е важно од која позиција“, порача Вучиќ.

„Мојата непоколебливост, храброст и решеност да се борам против најлошите, а тоа се блокадерите, ќе продолжат. Храбро, додека дишам“, порача тој.

@jasamaleksandar Nikada neću odustati od borbe protiv najgorih, a to su blokaderi! #srbija🇷🇸 #sns #vučić ♬ original sound – Ja sam Aleksandar

Најнови вести