Исланд се изјасни против продолжување на преговорите со ЕУ

Исланд нема да ги продолжи преговорите со ЕУ за евентуално членство на земјата во Европската Унија.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Исланд на рефендум го отфрли продолжувањето на преговорите за членство во Европската Унија.

Референдумот го иницираше владата на премиерката Криструн Фростадотир, а граѓаните одлучуваа само дали Исланд треба повторно да ги отвори пристапните преговори со ЕУ.

Гласањето не беше директно изјаснување за членство, а и евентуален договор за пристапување дополнително ќе требаше да биде ставен на нов референдум.

Исланд првпат поднесе апликација за членство во Унијата во 2009 година, по финансиската криза. Преговорите беа ставени во мирување во 2013 година по смената на власта, но апликацијата никогаш формално не беше повлечена.

Камен на сопнување беше прашањето за рибарството. Исланд располага со богати риболовни води, а според противниците на ЕУ, членството би ја ограничило националната контрола врз квотите и пристапот до морските ресурси.

 

 

Најнови вести