Јаневска: Ранг листите се објавени, за непримените има објаснување зошто не добиле легло во студентските домови

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Ранг листите се објавени, но објавени се и листите на непримените со објаснување зошто не добиле легло во студентските домови, вели Министерката Јаневска.

– На моето прашање што се случува по повод разните шпекулации, секторот одговори дека има студенти кои студираат седум или осум години, но и такви не се примаат, студенти со родители кои имаат енормно високи примања, рече министерката која ги нарече дезинформации обвинувањата на политичката партија Левица дека владејачката партија не открива како се распределуваат местата во студентските домови.

Партијата на Апасиев побара министерството за образование и наука да ги објави резултатите од конкурсот, но транспарентна ранг-листа со освоени бодови тврдат дека повторно нема. „А токму бодовите се суштината на постапката – кога за едно легло конкурираат повеќе студенти, јавноста мора да знае по кои критериуми е избран едниот, а одбиен другиот“, велат од партијата Левица.

„Укажуваме дека ова не е прашање на добра волја на министерката, туку на правила што Министерството е должно да ги почитува. Постапката за прием предвидува рангирање според утврдени критериуми, а Правилникот предвидува објавување на списокот на студенти со добиените бодови. И самиот Државен завод за ревизија констатирал дека рангирањето се врши по групи и според бодови, а списокот со освоените бодови треба да биде јавно објавен“, стои во реакцијата.

Најнови вести