Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски учествуваше на Форумот на идни глобални лидери организиран од Светски економски форум во Дубаи. Во своето обраќање на сесијата „Trade in a Changing World“, посветена на промените во глобалната трговија, економската отпорност и иднината на меѓународната соработка истакнал дека глобалниот трговски систем мора да се приспособи на реалностите на 21 век. Отвореноста и безбедноста не треба да се гледаат како спротивставени цели, а отпорноста не значи изолација.
„За помалите економии, конкурентноста не произлегува од големината, туку од способноста да бидат сигурни и предвидливи партнери. Големите економии се натпреваруваат преку обем. Малите економии се натпреваруваат преку доверливост.Затоа инвестираме во стратешките Коридори VIII и X, енергетската диверзификација и поврзаноста. Економскиот суверенитет е тесно поврзан со тоа колку сме инфраструктурно и енергетски поврзани. Во свет на сè поголема неизвесност, иднината не е во градењето повисоки ѕидови, туку во создавањето поотпорни мостови, посилни партнерства и поголема поврзаност“, порачал министерот Муцунски.