Гербер, кој беше модел, починал во неделата во установа за рехабилитација, според записите на Канцеларијата на медицинскиот истражител на округот Лос Анџелес. Причината за смртта не е наведена.
Али Џенкинс, претставничка на Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер, за американскиот партнер на Би-Би-Си, „Си-Би-Ес“, изјави: „Семејството бара приватност во овој исклучително тежок и болен период“.
Гербер, исто како и неговата мајка и помладата сестра Каја, бил модел, а на модната писта дебитирал на само 16 години за италијанскиот бренд „Москино“.