Сопственик на продавница за домашни миленици од Осака е уапсен под сомнение дека без дозвола чувал морски крокодил долг 1,5 метри, соопшти денеска полицијата.
Сома Сатоми (34), наводно, во аквариум во својата продавница чувал крокодил, алигаторска желка и 21 обична желка, исто така без потребните дозволи, пренесува „Јапан тудеј“.
Сатоми ги признал обвиненијата.