Луксузен часовник во вредност од околу 46 милиони јени, односно 260.000 евра, бил украден од продавница во Токио, соопшти јапонската полиција.
Според полицијата, околу 20 часот по локално време било пријавено дека лице, преправајќи се дека е купувач, го украло часовникот и побегнало од продавницата.
Осомничениот, облечен во темна облека, се задржал во продавницата помалку од 10 минути, соопшти полицијата.
Станува збор за луксузен швајцарски часовник од брендот „Одемарс Пигует“ (Audemars Piguet). Полицијата работи на расветлување на случајот.