„НЕ СМЕЕ ПИЛЕ ДА ПРЕЛЕТА“: Илјадници полицајци околу седиштето на ОН за време на Генералното собрание, Македонија се претставува со гордост

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Илјадници униформирани полицајци од Полициската управа на Њујорк беа распоредени во и околу седиштето на Обединетите нации за време на заседанието на Генералното собрание на ОН, а ангажирани се и специјализирани единици, изјави полициската комесарка Џесика Тиш.

Таа додаде дека се очекуваат речиси 200 странски претставници да пристигнат во Њујорк оваа недела.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека нема информации за специфични или веродостојни закани за Генералното собрание на ОН или градот, но дека нивото на безбедност е зголемено како мерка на претпазливост.

Во однос на безбедноста, Полициската управа ќе соработува со Тајната служба на САД и Дипломатската безбедносна служба на Стејт департментот. Распоредени се вооружени тимови, воздушни и речни единици, полициски кучиња, тимови за деминирање, тим за управување со беспилотни летала и офицери за борба против тероризмот.

Во текот на неделата се очекуваат бројни затворања на улици и сообраќајни метежи низ целиот Менхетен, додека одредени зони повремено ќе бидат затворени за пешаци и возила.

До сабота е на сила привремено ограничување на летовите во радиус од две наутички милји околу седиштето на ОН.

И премиерот Христијан Мицкоски присуствува на Генералното Собрание на Обединетите Нации. Во рамки на македонската делегација која е присутна во Њујорк е и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

-Настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка. Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси, соопшти премиерот Мицкоски.

Најнови вести