По 8 Септември, граѓаните до крајот на годината ги очекуваат уште неколку неработни денови, од кои дел носат и
можност за продолжен викенд.
Следниот неработен ден е 8 септември (вторник) – Денот на независноста на Република Македонија.
12 октомври (понеделник) – Денот на народното востание. Бидејќи 11 Октомври годинава се паѓа во недела, понеделник е неработен ден, па граѓаните ќе имаат продолжен викенд.
На 23 октомври (петок) се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, што исто така носи продолжен викенд од три дена.
Последниот неработен ден за сите граѓани во 2026 година е 8 декември (вторник) – „Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од католичка вероисповед, неработни денови се и 1 ноември
(недела) – Празникот на сите светци, како и 25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ.
Крајот на 2026 година носи уште неколку можности за одмор, а октомври е особено поволен, со два продолжени викенда.