Продолжува рокот за електронско аплицирање за Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година.
За годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2027 година може да се аплицира до шести ноември – петок, до 15 часот и 30 минути.
Министерството за Култура ги повикува сите заинтересирани да аплицираат во предвидениот рок, а помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците и оваа година ќе може да побараат во секторите во Министерството за култура и туризам.
Пријавувањето на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година се врши со електронско аплицирање на Националниот портал https://uslugi.gov.mk/#.