Фондацијата “Скопје – Европска престолнина на културата 2028” информира дека го пролонгира рокот за доставување на апликации на Јавниот повик за изразување интерес за независни национални и меѓународни експерти за евалуација на проектни предлози.
Рокот се пролонгира за 15 дена, а крајниот термин е 2 октомври 2026 година.
Целта на овој повик е да се селектираат експерти со цел воспоставување на Регистар на независни експерти-евалуатори на “Скопје 2028”.
Повикот е отворен за независни професионалци и експерти од земјата и од странство, а ќе бидат ангажирани, согласно потребите на одделните јавни повици, за спроведување независна, објективна, стручна и непристрасна евалуација на проектните предлози поднесени во рамките на програмските линии и јавните повици за реализација на уметничката и културната програма на „Скопје 2028“.
Особено ќе се земат предвид експерти со искуство во програмите на Европската Унија, „Креативна Европа“, Европска престолнина на културата (ECoC), меѓународната културна соработка, грантови и шеми за финансиска поддршка и независна евалуација на проекти.
Вклучувањето во овој регистар не претставува засновање работен однос со Фондацијата и не гарантира конкретен ангажман. Експертите ќе бидат ангажирани согласно потребите на програмата и одделните јавни повици, нивната стручност, расположливост и непостоењето судир на интереси. Секој конкретен ангажман ќе биде регулиран со посебен договор.