Парламентарни избори

СРБИЈА ГЛАСА: Во трка 18 листи за 250 пратенички места

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Србија се одржуваат вонредни парламентарни избори, кои се трети во последните пет години.

Во изборната трка учествуваат 18 листи со вкупно 2 418 кандидати. Само 250 од нив ќе влезат во новиот состав на српскиот парламент со можност да формираат влада.

Голем дел од јавноста е поделена помеѓу листата предводена од владејачката Српска напредна партија (СНС) и Студентската листа, формирана по повеќемесечните протести поради смртта на 16 лица откако се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година.

На почетокот на месецот, Републичката изборна комисија на Република Србија објави дека право на глас имаат 6.450.523 граѓани или педесет илјади помалку од претходните избори, одржани во декември 2023 година.

Според анализите, изборите се сметаат за најголем тест за 14- годишното владеење на Александар Вучиќ, кој во септември поднесе оставка од претседателската функција за да може ја предводи листата на Српската напредна странка.

Гласањето се одвива на 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство. Гласачите, без разлика каде се наоѓаат во светот, гласаат според српско време, од седум часот наутро до 20 часот навечер, според средноевропско време.

Ако претходно се гласаше и во Букурешт, Софија и Солун, во непосредна близина на Србија, како и Ванкувер во Канада, Грац во Австрија и Истанбул во Турција, во овој изборен циклус овие градови се изземени.

Според податоците на Републичката изборна Комисија, регистрирани се 26 домашни здруженија со повеќе од 15
000 набљудувачи, како и 57 странски организации и здруженија кои испраќаат над 600 набљудувачи. Освен домашните набљудувачи, парламентарните избори во Србија ги следат и меѓународни мисии.

Најнови вести