Трагедија во бугарија

СЕ СУДРИЈА 50 ВОЗИЛА: Пет лица загинале на автопатот „Тракија“ во Бугарија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Пет лица загинале во две тешки верижни сообраќајни несреќи, кои се случиле во вторник наутро на автопатот „Тракија“, во близина на патниот јазол Зимница – Драганци. Десет лица се тешко повредени, соопшти Бугарското национално радио (БНР).

По наредба на министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, кон местото на тешката сообраќајна несреќа се упатиле вршителот на должноста главен секретар на Министерството за внатрешни работи, главниот комесар Љубомир Николов, и заменик-министерот за внатрешни работи Калојан Калојанов.

Активиран е системот за предупредување на населението BG-Alert.

Мобилизирани се полициски службеници, пожарникари и екипи на Итната медицинска помош од областите Јамбол, Сливен, Бургас и Стара Загора.

Обласниот управител на Јамбол, Георги Чалаков, потврдил дека во несреќите загинале пет лица.

Најнови вести