Претседателката на српскиот Парламент во технички мандат и вршител на должноста претседател на државата, Ана Брнабиќ тврди дека никој што ја претставува Студентската листа не ги информирал актуелните парламентарни служби за започнување дијалог за првата конститутивна седница на Парламентот најавена за 17 ноември.
„Досега, владејачкото мнозинство секогаш и нудеше на опозицијата потпретседателски позиции, различни опозициски групи соодветно одлучуваа дали ќе има пет или шест потпретседатели, најчесто така беше, но за ова треба да се разговара пред конститутивната седница“, изјави синоќа таа и додаде:
„Опозицијата ги водеше некои од најважните комисии, надворешни работи, европски интеграции и така натаму. Но, сето ова секогаш се случуваше во дијалогот пред првата конститутивна седница. Ова е првпат никој од Студентската листа да не се обиде да стапи во контакт со службите или да разговара со мене“.
Таа ги повика претставниците на Студентската листа да го сторат тоа во текот на следната недела, во согласност со „најдобрите демократски практики“, со цел да се подготват за конституирање на Собранието.