Транспортот на светската нафта неизвесен, Трамп тврди војната брзо ќе заврши

Трамп тврди дека Иран се обидува да „издржи што е можно подолго за да ги искомплицира изборите во САД“, но рече дека Вашингтон нема да му дозволат на Техеран да дојде до нуклеарно оружје.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на средбата со ирскиот премиер Мајкл Мартин во Даблин, обвини дека Иран е одговорен за нападот врз нафтоводот „Исток-Запад“ и одново потенцираше дека војната со Техеран ќе заврши брзо, односно по изборите во САД.

Саудиска Арабија привремено го затвори стратешкиот нафтовод откако напади предизвикаа пожари по интензивирањето на борбите со јеменските Хути. Неколку беспилотни летала лансирани од Ирак го нападнаа нафтоводот во регионите Ријад и Медина. Владата во Багдад нареди истрага.

„Имавме разговори. Хутите не контактираа и не сакаат да војуваат со нас. Не сакаат јас да тргнам по нив и не сакаат да се мешаме. Повеќе би сакале да не сме вклучени. И дозволуваат повеќето бродови да минуваат. Има само една земја со која не се баш задоволни, но тоа ќе го средиме. Како што знаете, ние имаме навистина силна контрола врз Ормускиот теснец.“, истакна претседателот Трамп.

Иранскиот претседател на самитот на БРИКС зборуваше за слободата на пловидба и трговијата и регионалната стабилноста.

„Иран се соочи со големи санкции изминатите години. Економската безбедност не може да се одвои од националната и регионалната безбедност. Секогаш кога трговскиот, енергетскиот, инфраструктурниот или финансискиот систем на една земја ќе се најде под политички или воен притисок, последиците се шират надвор од границите на таа земја и можат да влијаат врз регионалната, па дури и врз глобалната стабилност“, истакна иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

И покрај апелите за крај на војната, борбите низ Блискиот Исток ексалираа откако Иран и САД разменија оган во регионот.

Најнови вести