Турција планира да испрати вселенско летало кон Месечината во почетокот од 2027 година, изјави турскиот министер за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир.
Според него, леталото ќе стигне во орбитата околу Месечината за два месеца, а потоа ќе врши истражувања најмалку три месеци, па до година и половина.
Меѓу истражувањата ќе бидат влијанието на сончевиот ветер врз површината на Месечината, нејзините магнетни полиња и други мерења. Потоа леталото со маневри за намалување на брзината ќе биде насочено кон површината на Месечината.