КИНА И СЕ Е МОЖНО: Комунистичката партија четири дена, зад затворени врати ќе разговара за дисциплината во своите редови

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Кинеската комунистичка партија
денеска почна четиридневен состанок на највисоките партиски функционери.
Состанокот на Централниот комитет од 26 до 29 октомври се одржува зад затворени врати.

Во фокусот на дебатата е нацрт – документ за зајакнување на внатрешното управување со партијата, подобрување ефикасноста и спречување на корупцијата.

Ова е петтиот пленум на актуелниот состав на Централниот комитет, формиран во 2022 година. Состанокот следува во период кога претседателот Ксји Џјинпинг настојува дополнително да го зацврсти својот авторитет и да ја зајакне идеолошката дисциплина во партијата,

Ксји Џјипинг во изминатите години води кампања против корупцијата, а беа отстранети од функциите бројни високи државни претставници, воени офицери, вклучително и поранешни соработници.

Најнови вести