Во Брисел средба на Претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО Руте

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во рамките на работната посета на Брисел, остварив средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Ја реафирмирав посветеноста на македонската држава на НАТО и колективната одбрана, посочувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на сојузниците.

Изразив задоволство од сертификацијата на Лесната пешадиска баталјонска група како борбено подготвена, оценувајќи го тоа како потврда за професионалноста и способноста на Армијата да придонесува во операциите предводени од НАТО, ЕУ и ОН.

Повикувајќи се на искуството од членството во НАТО, укажав дека исполнувањето на високите сојузнички стандарди треба да биде пример за доследна примена на Копенхашките критериуми во процесот на европска интеграција.

Говорејќи за Западен Балкан, истакнав дека регионот мора да остане високо на стратешката агенда на НАТО и ЕУ, особено во услови на засилени хибридни закани, дезинформации и злонамерни надворешни влијанија.

Најнови вести