Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди индонезискиот регион Минахаса, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 104 километри.
Засега не е познато дали има повредени и евентуални жртви и дали е причинета материјална штета.