Премиерот Христијан Мицкоски му честиташе на носителот на Студентската листа во Србија и му посака успех, по добиените избори.
-Денес телефонски разговарав со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија.
Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победа, и му посакав успех во периодот што следува.
Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави, вели Мицкоски.