СЕ ОГЛАСИ ВУЧИЌ: Eве што кажа за упадот во Информер ( ВИДЕО)

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Александар Вучиќ преку видео се обрати и ги осуди упадот во Информер.

„Вечерва бевме сведоци на насилство без преседан. Монструозно насилство, упад во редакцијата на „Информер“, напад врз слободата на изразување, слободата на јавниот збор и слободата на новинарството. Интересно е што никој не смее да каже ниту збор за тоа. Молчи и Европската Унија, молчат сите, молчат многу новинарски здруженија и колеги новинари, бидејќи очигледно сметаат дека имаат право да се изживуваат врз Драган Ј. Вучиќевиќ. Да го направевме ние тоа, ќе бевме прогласени за најголеми насилници, диктатори, автократи и којзнае што уште“, изјави Вучиќ.

„Меѓутоа, тука има нешто многу поопасно. Драган Ј. Вучиќевиќ го повикал и првиот на блокадерската листа, Илија Срдановиќ, и го прашал дали ќе му помогне, дали ќе ги замоли луѓето да излезат надвор. Тој не сакал да го направи тоа. Имаме работа со опасни и неодговорни луѓе. Имаме работа со луѓе кои мислат дека сите треба да се плашат од нив, наместо да разговараат со луѓето – додаде Вучиќ.

Најнови вести