ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА: 825 прекршоци за брзо возење

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатирани 825 прекршоци

На 23.10.2026 година, во периодот од 10:00 до 16:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

При спроведената контрола констатирани се вкупно 825 прекршоци, од кои 398 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина во населено место, додека 427 прекршоци се констатирани надвор од населено место.

Во рамки на контролата евидентирани се и два случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Дополнително, констатирани се и 89 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат одговорност и внимателност, да ги почитуваат ограничувањата на брзината и сообраќајните правила и прописи. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, затоа што секој живот е важен!

Најнови вести