Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без поголеми проблеми, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Се апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со возилата.
Посебна претпазливост се препорачува при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност за појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај на патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица. Од 15 април, патот е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.