Трансформација на работен однос

Потпишани првите договори за работа со војниците со навршени 45 години

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати, соопшти Министерството за одбрана. Потпишани се договори за вработување на неопределено време со професионални војници кои навршуваат 45 години возраст, како цивилни лица во Министерството чиј статус ќе се трансформира во цивилни лица во македонската Армија

,,На професионалните војници им се отвора нова, дополнителна можност — трансформација на работниот статус од определено на неопределено време. Притоа, досегашните законски опции, како испратнината во висина од две просечни плати во државата за секоја помината година во Армијата, како и префрлањето во органите на државната и локалната власт, и понатаму остануваат во сила за оние кои тоа ќе го изберат”, објави министерството за одбрана.

Од министерството велат дека потпишувањето на договорите е токму резултат на реформата која професионалните војници претходно не беа во можност да ја користат. Наместо војниците да ја напуштат службата, тие по 45 година ќе продолжат да работат како цивилни лица се до нивното пензионирање.

,,Не постои подобар, поискусен и пообучен персонал за извршување на задачите од луѓето кои го поминале својот работен век во Армијата. Професионалните војници се еден од столбовите на нашата безбедност и ова е вистинскиот начин државата да им се оддолжи за нивниот придонес”, соопшти министерството за одбрана.

Најнови вести