Одбележување

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод – Денот на албанската азбука

,,Посакувам 22 Ноември да не биде само ден на сеќавање, прослава и гордост, туку и поттик за нови образовни, научни и културни дострели на албански јазик."

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитки по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука.

,,22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј. Тој е сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука. Конгресот во Битола од 1908 година означи пресвртница и нова фаза во развојот на албанската нација, преку образование и култура на унифициран албански јазик”, истакна претседателката на државата.

Сиљановска – Давкова додава дека јазикот е основниот белег на националната посебност и најсилниот инструмент за градење и изразување на колективната меморија на еден народ, неговото духовно наследство и искуство.

,,Албанскиот јазик, вам Албанците ви овозможи да изразите почит кон претците, но и одговорност кон потомците. Во македонското мултикултурно општество и демократски политички систем, Албанците и албанскиот јазик имаат долга традиција на постоење во уставниот, политичкиот, економскиот, образовниот, научниот, културниот, спортскиот, медиумскиот, забавниот и секојдневниот живот”, соопшти претседателката на државата.

Шефицата на државата рече дека наша заедничка должност е да градиме општество во кое единството нема да ги негира, туку ќе ги респектира различностите, третирајќи ги како трајни општествени вредности.

Најнови вести