Од Државната изборна комисија соопштија дека е завршено гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница.
Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица.
Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица.
ДИК информора дека гласањето во текот на денот се одвивало без проблеми и секој гласач имал можност слободно да го оствари своето право на глас.