НАРОДНА БАНКА: Се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола и лимит од 10.000 денари неделно

Извршниот одбор на Народната банка реши да воведе администрација во Алта банка АД Битола .

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Извршниот одбор на Народна банка на седницата донел решение со кое се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола, изјави Гувернерот Трајко Славески на вонредна прес конфренција.

Мерката е од времен карактер, а
администрацијата привремено преминува во надлежност на лица на Народната банка.

Гувернерот Славески рече дека е предвидено во наредните денови да има одредени ограничувања за плаќањата. Во текот на една седмица, лимитот на плаќања е 10.000 денари за граѓаните.

Гувернерот Славески рече дека за овој износ до некаде се воделе според износот на просечната плата. Ги повика сите што имаат кредити во Алта Банка да ги подмират своите обврски.

Првиот човек на НБРМ, Трајко Славевски додаде дека до вчера околу милиони евра се подигнати од банката.

Гувернерот уверува дека „Алта банка” АД Битола е ликвидна, добро капитализирана и ги исполнува супервизорските стандарди. Апелираше до сите учесници во јавната дебата да се воздржат од изјави кои ги подгреваат тензиите.

Прес-конференцијата на Славески следува откако вчера Народната банка на Србија и ја одзеде лиценцата за работа на Алта банка АД Белград, која е мнозински сопственик на Алта банка Битола. Сопственикот на Алта банка во Србија, Давор Мацура, е дел од управувачката структура на двете банки српската и македонската.

Најнови вести