ЗАПРЕПАСТУВАЧКО: Се обиделе да криумчарат 3.000 тарантули во валкани чорапи

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Повеќе од 3.000 тарантули се запленети на аеродромот во Лима, главниот град на Перу, при обид за нивно криумчарење во Германија, соопштија перуанските власти.

Тарантулите биле складирани во валкани чорапи распоредени во три куфери што ги носеле двајца германски и еден полски државјанин. Тројцата осомничени се уапсени, а властите најавија кривична постапка против нив.

Обидот за криумчарење бил откриен при рутинска царинска контрола на меѓународниот аеродром „Хорхе Чавес”, откако службениците забележале необично движење во багажот.

Една тарантула во Европа може да се продаде за околу 500 евра, а вредноста на запленетите пајаци на нелегалниот пазар би можела да достигне 1,5 милиони евра.

Според Интерпол, нелегалната трговија со диви животни годишно носи околу 20 милијарди долари приходи на светско ниво.

Тарантулите потекнувале од различни делови на Перу и биле во различни фази на развој, од јајца, млади и возрасни единки.

Најнови вести