Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, синоќа на Инстаграм објави снимка од кафуле со главниот уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ.
„Еве нè во ‘Савaнова’, Вучко организирал за ‘Информер’. Ме покани мене и уште некои луѓе. Дојдовме во ‘Ќаци бар’. Овде секогаш пишува: ‘Србија победува’, бидејќи за нас Србија секогаш победува. Не знам што слави Вучко, веројатно тоа што му ја гасат телевизијата. А тоа што му ја гасат телевизијата веројатно е почеток на нивниот крај и ништо не разбрале. Сите знаеме како ќе заврши. Србија победува“, изјави Вучиќ во своето прво обраќање на социјалните мрежи.
Веќе во следното видео, со пораката „Сите ние сме ќаци“, тој сподели кадри од забавата во друштво на уредникот на „Информер“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram