НОВИ ДЕТАЛИ: Кој е напаѓачот од Краков? Полицијата откри што пронашла во неговиот автомобил

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Полскиот премиер Доналд Туск најави дека ќе го посети Краков, по нападот во кој загинаа 6 лица, а 15 се повредени, од кои 12 се во тешка состојба. Меѓу повредените има и двајца полицајци.

Напаѓачот е 25-годишен полски државјанин, објави полскиот информативен портал „Онет“, повикувајќи се на портпаролката на полицијата во Краков, Катажина Число.

Бил облечен во воена облека немал документи за идентификација со себе, но полицијата успеала оперативно да го утврди неговиот идентитет. Во неговиот автомобил биле пронајдени дополнителни оружје и муниција.

Инаку, напаѓачот со автомобил влегол на Главниот плоштад во Краков и почнал со долгоцевно оружје да пука кон случајните минувачи. Тој бил ранет во судир со полицијата и е пренесен во болница.

Полицијата ги демантираше тврдењата дека во нападот учествувало и второ лице. Претходно вечерва, помладиот наредник Јакуб Мирочна од полицијата во Краков за Полската новинска агенција изјави дека, според првичните информации, нападот на Главниот плоштад го извршиле две лица.

Најнови вести