Ниту еден брод ноќеска без дозвола не поминал низ Ормускиот теснец, навигациските системи во јужниот дел биле уништени, соопшти Исламската револуционерна гарда.
Во исто време, Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до највисоките претставници на израелската армија за можноста од почнување трет бран воени напади врз Иран, објавија блискоисточните медиуми.
Според информациите, американските напади би можеле да бидат насочени кон мостови и електроенергетски постројки, што би претставувало значително проширување на воените операции против Техеран.
Наводите следуваат во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати сериозни предупредувања до иранските власти.
Во изјава за Си-Ен-Ен, Трамп порача дека војната со Иран може да биде избегната доколку биде постигнат силен договор. Истовремено шефот на Белата Куќа предупреди дека американската војска има идентификувано 38 мостови што би можеле да бидат уништени за само еден час.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска во Белата куќа ќе го пречека емирот на Катар, шеикот Бин Хамад ал Тани, чија земја посредува во преговорите.