ЗАЈАКНАТИ КОНТРОЛИ: 145 прекршоци за непрописно престигнување

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На 15.11.2026 година, во периодот од 12:00 до 18:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон откривање и санкционирање на возачите кои вршат непрописно престигнување.

При спроведената контрола констатирани се 145 прекршоци за непрописно престигнување.

Дополнително, констатирани се и 271 прекршок од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не преземаат ризични маневри и да престигнуваат само на места каде што тоа е дозволено и безбедно. Одговорното учество во сообраќајот е грижа за сопствената и за безбедноста на другите.

Најнови вести