Јужна Кореја издаде предупредување за сајбер-безбедноста откако беа откриени пропусти во програмскиот јазик Јава. Кабинетот на претседателот на Јужна Кореја одржа итен состанок со надлежните владини агенции за превентивни мерки против можните безбедносни пропусти.
Експрети за сајбер безбедност објавија дека некои од најпосетуваните веб-страници во светот, биле компромитирани со помош на злонамерен Јава Скрипт во обид да украдат криптовалути и да инфицираат Ајфон.
Министерството за наука на Јужна Кореја им препорача на компаниите да спроведат итни безбедносни проверки и да ги ажурираат своите системи, откако беа откриени програмски слабости.
Јава е широко распространета во развојот на апликации за Андроид, банкарски системи, клауд (cloud) услуги и често се користи во владините информациски системи.