Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември изнесува 70.827 денари, објави Сојузот на синдикати. Споредбено со октомври, поскапела за 469 денари.
Податоците покажуваат дека 36,6 проценти, или 25.902 денари се наменети за храна.

Со изнајмен стан од 60 квадрати, ноемвриската кошница изнесува 86.202 денари. Синдикалната кошница е пресметана за двајца возрасни и две деца од училишна возраст.
Според минималната кошница на ССМ, за храна и пијалаци домаќинствата трошат 25.902 денари, за сметки 6.379 денари, за транспорт 5.105 денари.